Пред македонската ракометна репрезентација е нова ЕХФ недела во која селекторот Раул Гонзалес одново ќе може да види со што располага, да тестира некои помлади играчи и да проба некои тактички варијанти.
Тука секако е и мечот од затворен карактер со Русија на кој Раул ќе може да види како неговите пулени ги спроведуваат неговите замисли пред големиот предизвик, јунскиот бараж со Романија.
-Имаме една седмица да тренираме, да пробаме други ракометари, да имаат шанса да ги покажат своите квалитети. Во сабота ќе играме против Русија. Ние треба да играме како на ЕП, а за подобро е да се тренира, а да се играат многу натпревари. Треба да играме без притисок и сите да имаат шанса. Веќе почнавме со анализата на Романија, секогаш треба да се знае како играат. Има време дотогаш, но ние ќе бидеме подготвени. Имаме мали измени во составот во однос на ЕП во Хрватска, но тоа не значи ништо. Треба да им дадеме шанса, треба да играат за да се снајдеме подобро во ситуација како онаа на ЕП кога се повреди Лазаров. Младите треба да играат, напорно да тренираат и тогаш репрезентацијата ќе биде подобра, -истакна Гонзалес.