На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше одлучено дека сениорите ќе добијат премија од 30.000 евра за пласман на Светското првенство (СП) наредната година. Бонусот би можел да биде значително поголем доколку се остварат две победи во баражот против Романија.
Милчо Чикаревски, директорот на репрезентацијата, зборуваше за изминатото Европско првенство (ЕП) во Хрватска и го оцени настапот како успешен, но и како турнир на кој е пропуштена огромна шанса за поголем резултат.
Денешниот предлог околу премијата за ракометарите беше прифатен, а износот на дополнителниот бонус за две победи над Романците ќе изнесува 10.000 евра. Тоа значи дека севкупната сума која би можела да заврши во рацете на репрезентативците е 40.000 евра.
Бараж натпреварите против Романија се играат на 10 јуни во Скопје, односно на 13 јуни на гостински терен.