Рускиот претседател Владимир Путин објави денес дека повторно ќе се кандидира за нов претседателски мандат во март 2018, а анкетите на јавното мислење покажуваат дека ќе победи.
„Да, ќе се кандидирам за позицијата претседател на Руската Федерација“, кажа Путин обраќајќи им се на работниците на автомобилска компанија во Нижњи Новгород. Тој неколку часа претходно на друг собир кажа дека одлуката ќе ја донесе многу брзо.