БТА – Софија
Истанбул – најголемиот мегаполис во 80-милионската Турција – има население од 14.804,116 жители, според официјални податоци од јануари оваа година.
Според административната поделеност, во големата општина на Истанбул се вклучени 39 општини. Најгусто населени се Газиосманпаша, со 1.013,048 души, следуваат Есењурт со 795 илјади, Ќуќукчекмеџе и Баџалар.
Најмалубројно население има Адалар (или како што популарно се нарекува Принцовите острови). Преку зимата, таму живеат седум илјади луѓе, но преку летото нараснува до 100.000 лица.
Истовремено, поголемиот дел од населението на Истанбул се доселеници од најразлични региони на Анадолија. Миграцијата продолжува.
Статистичките податоци покажуваат дека истанбулци како староседелци најмногу има општината Кадикој, на азискиот брег на мегаполисот. Таа е една од најстарите општини и денес таа брои 443,062 жители.
Во сите останати општини на Истанбул мнозинството од жителите се со преселнички корени.
Најголем е бројот на доселеници од провинцијата Сивас во Внатрешна Анадолија, кои се населиле во седум општини во мегаполисот – Јускадар на азискиот брег на истанбул и во европските општини Бешикташ, Шишли, Кјагтхане, Сариер, Газиосманпаша и Баџалар.
Значителен е бројот на граѓаните на Истанбул со доселенички корени од црноморската област. Првенствено оние од Токат – во општина Авџалар (каде околу 40 проценти од луѓето се доселиле од Бугарија), Ќуќукчекмеџе, Силиври.
Во централната општина Бејоглу преовладуваат оние од Гиресун, во Тузла (на азискиот брег од Самсун, во Јумрание од Орду, а во Малтене од Ризе.
Во компактно населените општини со бугарски иселеници на азискиот брег Картал и Пендик преовладуваат доселениците од источните области на Анадолија – Ерзинџан и Ерзурум.
Доселеници од источната област на Анадолија Мардин и малатија, се населени во општините Еминљуну, Бакаркој и Есенлер.
Фатих, Ејуп, Зејтинбурну се населени со доселеници од Кастамону, Трабзон, Ардахан.
Според разновидноста на демографскиот состав мегаполисот Истанбул всушност е слика и прилика на населението на цела Турција. Градот е веќе родното место на второ, трето па и четврто колено на доселеници, а староседелците со тага велат дека во Истанбул одамна нема вистински истанбулци.